Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Георгина Родригез ѝ ја открила на Јелена Карлеуша најголемата тајна на Роналдо?

Шоубиз

Георгина Родригез ѝ ја открила на Јелена Карлеуша најголемата тајна на Роналдо?

Интернетот не престанува да зборува за Јелена Карлеуша која со Георгина Родригез учествуваше на ревијата на брендот „Vetements“ во рамки на Модната недела во Париз, а девојката на Кристијано Роналдо објави заедничка фотографија и ја заследи српската пејачка на Инстаграм.

На социјалните мрежи се појави снимка на која Георгина во еден момент ѝ објаснува на Карлеуша околу тоа кога Кристијано Роналдо планира да ја заврши кариерата. „Кристијано уште една година и готово е. Можеби две, не знам“, ѝ вели Георгина на Карлеуша.

Сите светски медиуми пишуваа за виралното видео и сите се прашуваат дали избраничката на легендарниот Португалец ѝ ја дала светската ексклузива на Карлеуша.

„Во каков алтернативен универзум живееме кога преку Карлеуша дознавам кога Роналдо оди во пензија?!“, „Јелена Карлеуша му откри на светот кога Кристијано Роналдо оди во пензија. Застани и гледај“, „Дознаваме дека Кристијано му завршува кариера од разговорот меѓу Георгина и Карлеуша…“, пишуваат твитерџиите.

Да потсетиме, Георгина по пистата прошета во дресот на Роналдо, со неговиот потпис.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.