Шоубиз
Хари Стајлс има нова девојка: Пејачот фатен во друштво на оваа актерка
Пејачот по кој воздивнуваат девојките ширум светот, Хари Стајлс, има нова љубов! Хари Стајлс влезе во својата следна врска, а неговата нова девојка е актерката Тејлор Расел.
Повеќе од еден месец откако ги поттикна гласините за романтична врска, пејачот бил виден како ја придружува актерката на премиерата на претставата „The Effort“ во Националниот театар во Лондон.
Хари (29) и Тејлор (28) се фотографирани додека пејачот ја гушка актерката и ја запознава со своите пријатели, меѓу кои и познатиот водител Џејмс Корден.





