Шоубиз
HBO потврди дека ќе се снима ТВ серија за Хари Потер
Она што долго време се шпекулираше сега конечно и официјално е потврдено – HBO ќе снима серија за Хари Потер, а во неа ќе глуми сосема нова актерска екипа.
Како дел од презентацијата на сервисот Warner Bros. Discovery, кога се зборуваше дека HBO Max и Discovery+ ќе се спојат во услуга едноставно наречена Max, беше објавена и најава за оваа серија.