Шоубиз
Карди Би на Твитер: Јас сум Југословенка
Познатата раперка Карди Би (29) на Твитер доби непријатно прашање за бојата на кожата, а таа секако не остана должна. Нејзиниот одговор на социјалните мрежи особено го привлече вниманието на твитерџиите од овие простори.
– Девојко, дали си црнкинка? – ја прашал еден корисник на оваа социјална мрежа, а раперката му дала ироничен одговор.
-Не. Јас сум Иркинка и Југословенка – напишала таа, а секако не требало долго за екипата на Твитер од поранешна Југославија да ја види нејзината објава и да започнат серија шеги.




