Шоубиз
Ник Џонас и Пријанка Чопра го открија името на нивната ќерка
Ник Џонас (29) и Пријанка Чопра (39) го прославија првиот Велигден како родители, а сега го открија и името на нивната ќерка.
Името на малото девојче кое е родено во јануари е Малти Мари.
Познатата двојка продолжува да ги почитува двете свои традиции и со името на нивната ќерка, па оттука избраа санскритско име, како и средното име Мари кое е христијанско. Малти на санскрит значи „миризлив цвет“ или „месечева светлина“.





