Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ријана и момчето уживаат на вечера на Барбадос: Пејачката повторно изненади со модниот избор

Шоубиз

Ријана и момчето уживаат на вечера на Барбадос: Пејачката повторно изненади со модниот избор

Ријана (34) и раперот Асап Роки (33) наскоро ќе го добијат своето прво дете, а нивниот мирен свет го потресе веста за неверството која еден инфлуенсер ја пренесе на Твитер. На крајот од приказната беше утврдено дека веста не е вистинита, а Луис Рома им се извини на сите што предизвикал „непотребна драма“.

Дизајнерката Амина Муади (34) е обвинета за афера со Асап, но таа демантираше се.

– Отсекогаш верував дека неоснованата лага која се шири на социјалните мрежи не заслужува никаков одговор или објаснување, особено ако е толку одвратна. Најпрво претпоставував дека овој лажен трач, измислен со лоша намера, нема да биде сфатен сериозно – напиша таа меѓу другото и додаде:

-Додека Ријана продолжува да го живее својот мирен живот како најдобро облечена трудница, а јас се враќам на мојата работа, на сите им посакувам убав Велигденски викенд – напиша таа.

Двојката беше фотографирана на Барбадос при пристигнувањето во ресторанот, а модната комбинација на Ријана го привлече целото внимание. Рири блесна во краток, црн фустан на Питер Дандас, а како и сите негови креации, така и оваа ја краси предизвикувачки дизајн – ремчиња и изрези кои го открија стомакот на Ријана, но и други облини.

Интересно е и тоа што познатата пејачка не носеше гаќички или барем не стандардни, со оглед на тоа што оваа провокативна креација не го дозволува тоа. Таа го надополни стајлингот со едноставни златни сандали, мала, црна чанта и ефективни огромни алка-обетки.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.