Ким Кардашијан за магазинот „Vogue“ проговори за разводот од Канје
Веста за разводот на Ким Кардашијан и Канје Вест прилично ги шокираше нивните обожаватели бидејќи, навидум, нивната врска изгледаше стабилна. И додека и двајцата најдоа нови партнери, вистинската причина за раскинувањето, по толку време, јавноста сè уште не ја дознала. Сепак, Кардашијан сега даде интервју за новото издание на магазинот „Vogue“ што ќе излезе во март.
Документите за развод Ким ги потпиша во февруари 2021 година по речиси седум години брак. Двојката застана пред олтарот во 2014 година, а заедно добија четири деца – 8-годишната Норт, 4-годишната Чикаго, 6-годишниот Сеинт и 2-годишниот Псалм.




