Меган Фокс и Брајан Остин Грин официјално се разведоа: Таа се вери за рапер, а актерот чека дете со друга
Актерката Меган Фокс (35) и Брајан Остин Грин (48) конечно се разведоа по две години бракоразводна парница.
За време на разводот Меган започна емотивна врска со музичарот Машин Ган Кели (31), со кого се вери пред еден месец. Додека пак поранешниот сопруг на Меган, актерот Брајан Остин Грин, исто така ужива со својата нова партнерка Шарн Бургес. Двојката го очекува своето прво заедничко дете.




