Крај на една ера! Емитувана последната епизода од шоуто на Кардашијанс
После 14 години, 20 сезони и 268 епизоди, кланот Кардашијан-Џенер се збогува со фановите.
Епизодата со наслов ‘The End P.2’ го покажа познатото семејство на нивното последно патување за време на Божиќните празници, на езерото Тахо, каде што престојувале на луксузен имот каде што цената е 6000 долари од ноќ.
Во оваа последна епизода, Ким се исповедува дека почнала да посетува терапевт за да се соочи со проблемите што ги има во бракот со Канје Вест, додека пак Клои размислува за иднината во Бостон со нејзиниот дечко и татко на нејзината ќерка, кошаркарот Тристан Томпсон.











