Шоубиз
Ирина Шајк „падна“ на шармот на Кање Вест (ФОТО)
И додека вчера Ким Кардашијан на својот инстаграм профил пишуваше колку го сака својот, во процес на разведување, сопруг, Кање Вест, пак, ужива со својата нова љубов Ирина Шајк на романтично патување во Франција.
Најновите фотки што го освоија интернет просторот ги потврдија гласините дека Кање и Ирина се заедно, но очигледно познатиот рапер не е единствениот маж што ги освоил и Ким Кардашијан и познатиот супермодел.
Според пишувањата на „Дејли мејл“, раперот и манекенката отпатувале за Прованса по повод 44-от роденден на Кање, каде уживале во луксузниот ресорт „Вила ла Коста“. Тие биле фотографирани како шетаат, зборуваат и се смеат и изгледаат како да им е многу убаво заедно, што е потврдено од неодамнешните извештаи во медиумите дека Ирина Шајк и Кање Вест се гледале тајно веќе некое време.




