Шоубиз
Лана Дел Реј ги критикува папараците и локалните жители кои ги малтретираат неа и новиот сопруг Џереми Дуфрен
Лана Дел Реј се пожали на социјалните мрежи за необичната ситуација која ја доживеала откако се омажила за туристичкиот водич Џереми Дуфрен во Луизијана. Пејачката изјавила дека ден по нивната венчавка, локална двојка од Хоума, град во Луизијана, почнала да снима и да ги следи со дрон.
„За жал, локалната двојка Хоума не престанува да лета дронови во нашите прозорци секое утро“, напиша таа. Таа додаде дека познати папараци од Лузијана ги следат со уреди за следење и го фотошопирале нејзиниот венчален прстен и ги замоли да престанат.




