Шоубиз
Се омажи Лана Дел Реј
Американската кантавторка Лана Дел Реј (39) по кратка врска се омажи за своето момче Џереми Дуфрен (49).
Суперѕвездата на современата музика и нејзиниот избраник кој е туристички водич и чувар на алигатори рекоа „Да“ во Луизијана, во истиот залив каде Џереми ги спроведува своите популарни тури со брод по мочуриште.
Судејќи според снимката која стигна во јавноста, Лана Дел Реј, чие вистинско име е Елизабет Вулриџ Грант, пристигнала пред олтарот во придружба на нејзиниот татко Роберт Грант, носејќи бидермаер и изгледа прекрасно во бела венчаница со крената коса.





