Лејди Гага доживеа незгода позирајќи им на папараците
Лејди Гага (35) моментално е на промотивна турнеја за својот нов филм „House of Gucci“. При напуштањето на шоуто на Стивен Колбер во Њујорк, популарната пејачка и актерка доживеа мала незгода.
Таа беше облечена во долг црн фустан со голем шлиц, а кога ги виде папараците застана за да им позира.
Во тој момент ветрот и го „кренал“ фустанот и и ја открил долната облека. Пејачката брзо реагирала и го задржала фустанот околу меѓуножјето , но фоторепортерите биле побрзи и успеале да ја фотографираат.




