Повторно заедно?: Бредли Купер и Ирина Шајк фотографирани на прошетка
Бредли Купер и Ирина Шајк ги разгореа гласините за помирување откако изгледаа многу пријатно на прошетка низ областа Вест Вилиџ на Менхетен во неделата.
Поранешните партнери, кои заедно ја имаат четиригодишна ќерка по име Леа, не можеа да ги задржат насмевките додека одеа рака под рака кон неговиот дом. Шајк и Купер беа во врска од 2015 до 2019 година.
Бреди Купер и Ирина Шајк и две години по разделбата се во одлични односи и неретко заедно излегуваат заедно со својата ќерка, но овојпат Леа не беше со нив.




