Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЉУБОВНИ АВАНТУРИ: И поранешниот партнер на Џеј Ло „уловен“ со поранешната љубов

Шоубиз

ЉУБОВНИ АВАНТУРИ: И поранешниот партнер на Џеј Ло „уловен“ со поранешната љубов

ЉУБОВНИ АВАНТУРИ: И поранешниот партнер на Џеј Ло „уловен“ со поранешната љубов

Знаеме, веќе ви стана досадно да читате за Џеј Ло и нејзините љубовни авантури, но што е со нејзиниот поранешен партнер? Холивудскиот шоубиз оваа недела е фокусиран и на љубовниот живот на поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез, со кого Џеј Ло раскина само две недели пред да биде фатена со Бен Афлек!

Имено се зборува дека Родригез е во врска со актерката Кети Холмс, затоа што неодамна бил виден како излегува од нејзината зграда. Сепак, менаџерот на холивудската актерка објави дека не го познава Алекс Родригез.

За сагата да биде уште поголема, американските таблоиди му „смислија“ нова врска – овој пат Алекс бил фатен во друштво на телевизиската продуцентка Линдзи Шукас на нејзината роденденска забава во саботата. Двајцата биле снимени како седат заедно на интимен собир во една градина, а веднаш се појавија гласини дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство.

Интересно, Линдзи е поранешна девојка на Бен Афлек, и тоа првата девојка со која официјално беше во врска откако се разведе од Џенифер Гарнер.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.