„Она заслужува слобода“: Бројни славни личности ја поддржаа Бритни
Бројни славни личности јавно ја поддржаа Бритни Спирс, а меѓу првите се огласи нејзиното поранешно момче Џастин Тимберлејк.
Бритни Спирс прв пат се обрати на суд во врска со легалното старателство на татко и, поради тоа што тој имал целосна контрола врз нејзиното богатство од околу 60 милиони долари во последните 13 години.
Инаку, таа во своето излагање се осврна на повеќе други моменти од својот живот, при што нагласи дека легалното старателство наликува на трговија со бело робје и дека нејзиниот татко се мешал во сите сегменти од нејзиниот живот.





