Шоубиз
Нов славен пар? Том Брејди и Ирина Шајк уловени заедно
Поранешниот американски фудбалер Том Брејди (45) и познатата манекенка Ирина Шајк (37) се видени заедно. Парот го поминал заедно викендот во неговиот дом во Лос Анџелес, а биле фотографирани и додека се шетаат.
– Ова е нешто ново и во моментов е сосема „кежуал“ – изјавил изворот за Page Six.
Според TMZ, Брејди се нашол со Шајк кај хотелот Бел-Ер и потоа ја однел кај него. Манекенката била забележана како се прикрадува следното утро во 9:30 часот, а подоцна истиот ден, повторно биле фатени заедно.





