Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Огњен Амиџиќ и Данијела Димитровска се разведуваат

Шоубиз

Огњен Амиџиќ и Данијела Димитровска се разведуваат

Топ моделот Данијела Димитровска Амиџиќ и ТВ водителот Огњен Амиџиќ решија да се разделат по десет години брак.

Авторот и водител Огњен Амиџиќ и моделот Данијела Димитровска се обратија до јавноста со објава дека се разведуваат. Иако делуваа како хармоничен пар, без кавги и скандали, одеднаш и двајцата решија да продолжат понатаму.

-Сакаме да ве известиме дека одлучивме да се разделиме, а одлуката за разводот ја донесовме заедно. Ние ќе останеме во пријателски односи заради интересите на нашиот син, а по овој повод повеќе нема да се огласуваме ниту да даваме изјави. Нашиот развод не е вина на трето лице, така што нема простор за дополнителни шпекулации. Им благодариме на сите медиуми за досегашната соработка и ве молиме да ја почитувате одлуката да не говориме на оваа тема – изјавија Огњен и Данијела во заедничко соопштение за медиумите.

Инаку, Огњен и Данијела се запознале во неговата емисија во 2009-та година каде убавата манекенка со македонско потекло била гостин. Тие се венчаа во 2012-та година, а една година подоцна го добија синот Матеј.

Во продолжение можете да ја слушнете песната „Македонка“ која Огњен ја посвети на Данијела, а ја изведе заедно со неговиот покоен пријател Маринко Маџгаљ, со кого заедно настапуваа како „Фламингоси“.

https://www.youtube.com/watch?v=jOPqk_spxi8&feature=emb_title

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.