Шоубиз
Карди Би и подари на својата ќерка екстравагантен подарок за нејзиниот 4-ти роденден
Познатиот музички пар, раперите Карди Би (29) и Офсет (30) се погрижија нивната ќерка Kulture да има раскошна забава за четвртиот роденден. Двојката исто така на своето девојче му подари вкупно 50.000 долари во кеш.
Офсет објави видео од неговата ќерка како седи во задниот дел од автомобилот додека го покажува својот екстравагантен роденденски подарок.
– Што е тоа? – се слушна Офсет додека го снима разговорот со ќерката, на што таа одговори: „Билет!“ ( ticket – американски сленг што значи милион долари).





