Шоубиз
Леонардо ди Каприо се бакнува со 25-годишната манекенка Виторија Серети во ноќен клуб
Актерот Леонардо ди Каприо (48) е снимен како страсно се бакнува со 25-годишната италијанска манекенка Виторија Серети. Двајцата разменувале нежности во ноќен клуб на Ибица, каде се забавувале до 4 часот и 30 минути наутро, а снимката ја објави Дејли Мејл.
Ди Каприо и Серети претходно беа фотографирани заедно на Канскиот филмски фестивал, а потоа за време на прошетка во Лос Анџелес, што ги подгреа гласините за врска иако не се знае дали Виторија е разведена од италијанскиот диџеј Матео Милери, со кого се омажи во мај 2020 година.




