ПАПАРАЦО ФОТО: Џенифер и Бен уживаат во обновената љубов
Старо-новата љубов на холивудските ѕвезди повторно е под будното око на медиумите и обожавателите. Тие привлекуваат внимание каде и да се појават, а по обновувањето на врската тие не ја кријат среќата.
Џенифер Лопез (51) и Бен Афлек (48) решија да го поминат викендот во кој Американците го слават 4 јули – Денот на независноста, во Хамптонс каде што Џенифер има куќа.
Таму папараците ги фатија на романтична прошетка.






