Ѕвездите на „Спајдермен“ се во врска?! (ФОТО)
Зендаја и Том Халанд се фотографирани како се бакнуваат во неговиот автомобил, остварувајќи го секој сон на фановите на „Спајдермен“.
Се чини дека се чекаше само вистинскиот момент кога ќе започнат врска.
Веќе со години, фановите на „Спајдермен“ се надеваа дека двајцата актери ќе ги видат заедно и сега им се исполни желбата. Во пресрет на викендот за прославата на независноста на Америка, познатите млади актери беа фотографирани како долго се бакнуваат во неговиот автомобил додека чекаат на семафор.





