Пејачот Џејсон Деруло нападнал двајца мажи во Лас Вегас (ВИДЕО)
Деруло, револтиран, го прескокнал безбедносното јаже и го удрил човекот во лицето и го соборил на подот. Џејсон наводно удрил друг маж неколку моменти подоцна, а обезбедувањето морало да скокне за да ја прекине тепачката.
-Еј, Ашер! Е*и се! – му викнал маж на пејачот Џејсон Дерул (32) во хотел во Лас Вегас. Двајца непознати мажи го испровоцирале пејачот поради што ги изгубил нервите.
ТМЗ објави и снимка од инцидентот во кој случаен минувач го снимил Деруло како се спушта по ескалаторот во лобито на хотелот, по што двајца мажи вербално го нападнале.





