Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Петар Грашо и Хана Хуљиќ го добија второто дете

Шоубиз

Петар Грашо и Хана Хуљиќ го добија второто дете

Хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ станаа родители по втор пат. Двојката доби син кој го крстиле по дедото на Петар, Тони.

Хана се породила со царски рез, а како што пренесуваат хрватските медиуми, се е во најдобар ред и мајката и бебето се чувствуваат добро. Грашо дури неодамна за медиумите откри дека Хана е бремена по втор пат, бидејќи овој пат сакале се да држат подалеку од очите на јавноста.

Хана и Грашо ја добија ќерката Алба во јули 2022 година. Тие се венчаа во февруари 2022 година во црквата Св. Доминик во Сплит, а на венчавката присуствувале најблиските пријатели и семејството.

Петар пред Хана беше во врска со пејачката Данијела Мартиновиќ со која помина 24 години, но наеднаш раскинаа, по што тој започна врска со Хана.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.