Шоубиз
Пике наводно во врска со 12 години помлада девојка која работи за него
Откако веста го обиколи светот дека Шакира (45) и Жерар Пике (35) се разделиле по 11 години навидум идилична врска и два сина, колумбиската пејачка се соочи не само со распадот на семејството, туку и со сериозни обвинувања за затајување данок од страна на властите во Шпанија.
Таа се соочува со казна затвор од осум години, а освен тоа, и сознанието дека нејзиниот поранешен, за кој се шпекулираше дека ја изневерил, веќе има нова љубов – младата 23-годишна девојка Клара Чиа Марти која е студент за ПР.
Не е познато дали нивната романса започнала пред или по раскинувањето на Шакира и Пике.





