ПО РАСИСТИЧКИОТ КОМЕНТАР: Џејмс Корден ќе го менува концептот на шоуто
Џејмс Корден ќе го менува сегментот „Spill Your Guts or Fill Your Guts“ во неговото шоу „The Late Late Show“ откако беше обвинет за навредување на азискиот народ и култура.
На петицијата која е покрената на „Change.org“ од страна на тик ток корисникот Ким Саира, собрани се околу 45 илјади потписи.
– Храната што Азијците ја обожаваат, во шоуто е прикажана и насловена како „навистина одвратна“ или „ужасна“, само со цел да ги предизвика гостите да одговараат и на најинтимните прашања. Но, ова се всушност јадења од различни азиски култури. Ова уште повеќе го разгорува проблемот со кој се соочуваат Азијците кои живеат во Америка и често пати се напаѓани поради нивните традиционални јадења. Ова шоу ги поддржува таквите напади – се наведува во петицијата и се бара или да се смени целиот концепт на презентација на храната во шоуто или овој сегмент комплетно да се исфрли.





