Шоубиз
Поради здравствени проблеми Џастин Бибер ја прекина светската турнеја
Поп-ѕвездата Џастин Бибер (28) објави дека привремено ја прекинува својата веќе одложена турнеја „Justice World Tour“ поради здравствени проблеми.
Музичарот, имено, на својот профил на Инстаграм објави дека шесте настапи во живо што ги направи откако му е дијагностициран синдромот Рамзи Хант на почетокот од оваа година „си го зеле данокот“.
-Минатиот викенд настапив на музичкиот фестивал ‘Рок ин Рио’ (Rock In Rio) и дадов сѐ од себе пред луѓето во Бразил“ – вели Бибер и додаде дека „е погоден од исцрпеноста“




