Шоубиз
Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли најпосле ја покажаа својата двомесечна ќеркичка
Глумците Рајан Рејнолдс (40) и Блејк Лајвли (29) се заедно уште од 2011 година и имаат две ќерки, кои настојуваат да ги чуваат подалеку од очите на јавноста.
Тоа, барем до вчера, кога Рејнолдс ја доби својата ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. Овој свечен момент, актерот одлучи да го прослави со целото свое семејство.
– Сакам да и се заблагодарам на својата сопруга Блејк која е покрај мене и е најдоброто нешто што кога било ми се случило. Го направи мојот живот подобар, и ми подари две деца, рече меѓу другото Рејнолдс во својот говор.




