Шоубиз
Хајди Клум и оваа година имаше најоригинална маска за Ноќта на вештерките: Манекенката се трансформираше во дождовен црв
Хајди Клум, веројатно најпознатата германска манекенка на сите времиња, одамна ѝ е позната на јавноста не само по совршеното тело и кариерата како ангел на „Victoria’s Secret“, туку и по страста кон костимите за Ноќта на вештерките. Имено, убавицата секоја година организира посебна забава за Ноќта на вештерките, а од година во година дава се од себе да воодушеви со своите иновативни изданија.
Оваа година се надмина себеси – и се појави во изглед кој ги згрози сите присутни. Хајди се претвори во црв со човечки димензии, кој изгледаше хиперреалистично и беше доста вознемирувачка глетка на црвениот тепих. Нејзиниот сопруг Том Каулиц се претвори во рибар кој ја имаше „фатено“ на неговата јадица.





