Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Раскош во Италија: Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се венчаа по трет пат

Шоубиз

Раскош во Италија: Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се венчаа по трет пат

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер си разменија завети пред пријателите и семејството во Портофино, а ова беше нивна трета венчавка.

Кортни блесна во екстравагантна венчаница на Долче и Габана која се состоеше од мини фустан од тантела и прекрасен вел. Највпечатлив детаљ на велот беше огромниот вез инспириран од тетоважа што Тревис си ја направил на главата – ликот на Богородица.

Двојката го изговори судбоносното „да“ за време на свадбената прослава од бајките во Кастело Браун, една недела откако легално се венчаа во Санта Барбара, Калифорнија.

Познатиот пар минатиот петок пристигна во Италија со семејството и најблиските пријатели, а викендов беа главна тема на сите светски медиуми.

Присутни беа мајката на Кортни, Крис Џенер и нејзините сестри Ким Кардашијан, Клое Кардашијан, Кендал Џенер и Кајли Џенер, заедно со момчето на Кендал, НБА ѕвездата Девин Букер.

За афтер забавата, Кортни решила да го промени изгледот, па од бела венчаница се сменила во црн мини фустан со тантела и подвезица, кој Тревис ја соблекол со заби и им ја фрлил на деверушите да ја фатат. Младенците носеле и бели кожени јакни, а на грбот пишувало господин и г-ѓа Баркер.

Младенците го танцуваа својот прв свадбен танц на песната I Found My Love во Портофино, изведена во дует на прославените италијански тенори Андреа Бочели и неговиот син Матео Бочели, кои беа гости изненадување на свадбата, пишува магазинот People. Покрај песната за првиот танц, Андреа и Матео ги изведоа љубовните песни Can’t Help Falling in Love и Fall on Me.

Измешаното семејство на Баркер и Кортни вклучува шест деца – Кардашијан ги дели синовите Мејсон (12) и Рејн (7) и ќерката Пенелопе (9) со поранешниот партнер Скот Дисик. Баркер го дели синот Лендон (18) и ќерката Алабама (16) со поранешната сопруга Шана Моаклер. Тој, исто така, остана близок со 23-годишната поќерка Атиана, која Моаклер (47) ја дели со боксерот Оскар Де Ла Хоја.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.