Ријана е бремена: Го очекува првото дете со раперот A$AP Rocky
Една од најпопуларните и најбогатите пејачки на денешницата Ријана и нејзиното момче, раперот A$AP Rocky го чекаат своето прво дете, а таа гордо го покажа трудничкиот стомак и покрај ниските температури и снегот, со што го потврди она што се шпекулираше во неколку наврати.
Двојката е снимена како се шета во Њујорк, Ријана носела јакни од Шанел, вредна 8.000 долари и интересен накит, кој и поминува преку стомакот, додека раперот бил во кожени панталони.



