Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Бремената Ријана и Асап Роки наводно раскинале: Причината е неверство

Шоубиз

Бремената Ријана и Асап Роки наводно раскинале: Причината е неверство

Откако странски новинар објави на Твитер дека бремената Ријана и таткото на нејзиното неродено дете, раперот Асап Роки, наводно раскинале по модната недела во Париз, социјалните мрежи се преплавија со коментари.

Раперот наводно ја изневерил пејачката со нејзината дизајнерка на чевли Амина Муади која е воедно и негова поранешна девојка.

-Ријана и Асап Роки раскинаа. Ријана му раскина откако го фати како ја изневерува со дизајнерката на чевли Амина Муади – напиша новинарот на Твитер, додавајќи дека Асап и Амина се забавувале пред неколку години и соработувале на колекцијата на чевли.

Овој негов твит направи вистински хаос, а странските медиуми објавија дека Ријана и раперот биле видени во ресторан во Лос Анџелес, каде пејачката плачела на масата и го напуштилa објектот без Асап.

Многумина од нивните обожаватели не веруваат дека Ријана и раперот раскинале, а и парот се уште не се огласил за да ги потврди или негира овие гласини.

Двојката, која сега го очекува своето прво дете, ја официјализираше врската во 2021 година, но и пред тоа имаше многу шпекулации во врска со нивниот однос.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.