Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Се вери Кортни Кардашијан: Тревис приредил романтично изненадување на плажа

Шоубиз

Се вери Кортни Кардашијан: Тревис приредил романтично изненадување на плажа

Се вери Кортни Кардашијан: Тревис приредил романтично изненадување на плажа

По долгата и турбулентна врска со Скот Дисик (38) со кој има три деца, 42-годишната ријалити ѕвезда Кортни Кардашијан се вери по прв пат и тоа за тапанарот Тревис Баркер (45) со кој веќе неколку месеци е во љубовна врска.

Тапанарот организирал романтично запросување на плажа во Калифорнија, а ја побарал раката на Кортни со голем дијамантски прстен кој се проценува дека вреди околу еден милион долари. Во романтичен амбиент, на зајдисонце, Тревис клекна пред хотелот Роузвуд Мирамар Бич опкружен со рози и свеќи во форма на срце.

Кортни сподели фотографии од запросувањето на плажа, со опис „Засекогаш“.

По романтичното запросување на плажата, Тревис организирал и вечера на која присуствувале членовите на двете семејства. Членовите на Кардашијан-Џенер кланот на своите профили на социјалните мрежи споделија фотографии и видеа од случувањата со честитки за Кортни и Тревис.

Исто така присуствувале и филмски екипи кои снимале цело време, па така овој настан ќе биде прикажан во нивното ново реално шоу кое наскоро треба да започне со емитување.

Ова ќе биде прв брак за Кортни, која додека беше во врска со Скот велеше дека никогаш нема да се омажи. Тревис зад себе има веќе два брака и е татко на две деца.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.