Канје Вест официјално си го промени името
Еден од најпознатите и најбогатите рапери во светот, Канје Вест, и законски го промени своето име во кратенката „Ye“.
Поранешниот сопруг на Ким Кардашијан во август оваа година поднесе барање да си го смени името Канје Омари Вест во – „Ye“, без средно име и презиме, наведувајќи „лични причини“ како повод за промената. Судијката на Врховниот суд во Лос Анџелес, Мишел Вилијамс Корт сега го одобри неговото барање, пренесуваат американските медиуми.
the being formally known as Kanye West
I am YE
— ye (@kanyewest) September 29, 2018




