Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Како горда мајка“: Видеото на Кајли Џенер и Тимоти Шаламе предизвика бурни реакции

Шоубиз

„Како горда мајка“: Видеото на Кајли Џенер и Тимоти Шаламе предизвика бурни реакции

Биографскиот филм на Џејмс Манголд за Боб Дилан, насловен „A Complete Unknown“, беше премиерно прикажан на Берлинале, Берлинскиот филмски фестивал, во петокот вечерта. Ѕвездата на филмот, Тимоти Шаламе, со себе на фестивалот ја донесе и својата девојка Кајли Џенер.

Кајли седеше до него во салата за време на премиерата на филмот. Кога заврши проекцијата, публиката го награди Шаламе со аплауз за неговата улога на Боб Дилан. Сите камери беа вперени кон него за да ја снимат неговата реакција, но потегот на неговата девојка го украде целото внимание.

Додека публиката аплаудираше и Тимоти се смееше, Кајли го погали по лицето, а потоа се придружи во аплаузот. Нејзиниот потег сега е предмет на потсмев на социјалната мрежа Х.

Маркетинг

„Кајли изгледа како средовечна разведена мајка која се гордее со својот син“, „Одбивам да прифатам дека тие всушност се во врска“, „Дали Тимоти е нејзиниот син?“, „Изгледа дека Кајли сето ова го прави поради камерите“, „Ова е најчудната врска“, беа дел од коментарите.

Кајли и Тимоти се заедно од 2023 година, а нивната врска наводно е многу сериозна.

Тимоти носеше две необични комбинации на Берлинскиот филмски фестивал. На прес-конференцијата тој облече фармерки и црн дуксер со жолти линии. Аутфитот го комплетираше со бел шал со црни детали. Додека пак на премиерата на филмот се појави облечен во розови фармерки и дуксер и розова долна маица.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.