Шоубиз
Тејлор Свифт фотографирана со нејзиното наводно ново момче
Тејлор Свифт (33) неодамна ја раскина шестгодишната врска со актерот Џо Алвин (32), а странските медиуми пишуваат за нејзиното наводно ново момче.
На 3 мај, помалку од еден месец откако беше објавена веста дека Тејлор Свифт и Џо Алвин ја прекинале својата шестгодишна врска, „The Sun“ објави дека 33-годишната поп ѕвезда започнала нова романса со 34-годишниот фронтмен на бендот „The 1975“, Мети Хили.
По првичниот шок, обожавателите на Свифт се вратија во детективски режим и дури почнаа да шпекулираат дека Свифт и Хили си разменуваат романтични пораки додека се на сцената.




