МК Сцена
Штип се подготвува за „Макфест“
Триесет композиции ќе бидат изведенаи на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, кој годинава ќе се одржи од трети до петти јуни на сцената на Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип.
Раководителот на прес-центарот на „Макфест“ Драган Ристов вели дека и годинава фестивалот се одржува под покровителство на Министерството за култура и општина Штип.
– Влегуваме во финиш, бидејќи од почетокот на фестивалот не делат уште седум дена. Во Скопје пробите течат одлично, а на крајот на неделата ќе започне конструкцијата на сцената. Се очекува да пристигне и ревискиот оркестар со што ќе започнат и пробите за фестивалските композиции во Штип, на сцената во Домот на културата, рече Ристов.




