МК Сцена
One Republic со порака до фановите во Македонија: „Ветуваме одлична забава на 1 јуни!“
На само неколку дена до најголемиот музички спектакл во последнава деценија во Македонија – концертот на One Republic, со порака и покана до своите фанови се јави фронтменот на групата Ryan Tedder:
– „Здраво, навистина сме среќни што ќе настапиме во Скопје на 1 јуни. За мене и бендот секогаш било предизвик да настапуваме на места на кои не сме биле порано. Ве поканувам сите да дојдете и ветуваме одлична забава! Уан Републик мисли на вас! Се гледаме во Скопје!“
Како што претходно ве информиравме, Ryan Tedder и останатите членови на бендот доаѓаат со свој приватен Jet на денот на концертот, додека нивната екипа поради огромните технички потреби доаѓаат три дена порано со пет автобуси и пет камиони со опрема.


![11156126_1040126706015356_5225684711222723326_n[1]](http://www.popularno.mk/wp-content/uploads/2015/05/11156126_1040126706015356_5225684711222723326_n1.jpg)


