МК Сцена
„Скопје колинг“ се сели на стадионот на АРМ
Од Авалон продукција информираат дека има измена на локацијата за фестивалот SKOPJE CALLING 2017.
Имено, поради Супер купот во фудбал, не сме во можност да ја одржиме фестивалската вечер на 23-ти јуни со MARTIN GARRIX, JAX JONES и ALEX ADAIR во Телеком Арената и поради тоа, истата ја префрлуваме на повеќе од соодветен простор, на стадионот на АРМ, којшто е буквално до Телеком Арената во Скопје.
Капацитетот останува ист, 20 илјади посетители, а билетите со истите категории (кои се продадени во количина од повеќе од пет илјади влезници низ целиот овој дел на Европа) ќе важат и за оваа локација.




