МК Сцена
НАЈГОЛЕМ КОНЦЕРТ ВО МАКЕДОНИЈА: „Стинг“ доаѓа во Скопје на 15 октомври!
На Македонија ќе и` се случи најголемиот концерт во нејзината досегашна историја!
Во рамките на големата светска турнеја „57th & 9th“ по повод истоимениот албум, на 15-ти октомври во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, концерт ќе одржи едно од најголемите светски музички имиња на сите времиња- STING!
STING заедно со The Rolling Stones, Bruce Springsteen, U2, Depeche Mode, Coldplay…, е претставник на таканаречената А листа на артисти од областа на рок музиката.




