Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

СКОПЈЕ ПОВИКА, МАРТИН ОДГОВОРИ: „Пеколно“ издание на „Скопје колинг“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ДРАГАН ТАНУРОВСКИ / ПОПУЛАРНО.МК

МК Сцена

СКОПЈЕ ПОВИКА, МАРТИН ОДГОВОРИ: „Пеколно“ издание на „Скопје колинг“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Не може да се опише со зборови енергијата која вчеравечер го наполни стадионот на АРМ во Скопје!

Публика од 7 до 77 – голем број на млади лица, постари љубители на електронската музика, но и гости од соседните земји беа дел од 15.000 публика која буквално го блокираше Скопје.

На сцената на кулминацијата од „Скопје колинг“ се појавија и домашни и странски артисти, а главното место беше отстапено на хејдлајнерот, број 1 диџејот во светот, Мартин Гарикс.

Одличните временски услови и прекрасната локација беа причина плус стадионот да биде скоро целосно наполнет уште од самото отворање на вратите во 19.30 часот, додека другиот дел од публиката се разладуваше во градскиот парк.

На веќе жешкото време дополнително загревање на публиката и приредија локалните диџеи Ампов и Дуоз кои рамо до рамо настапуваа на сцената заедно со нивните колеги, британскиот диџеј и продуцент Алекс Адаир и Џастин Мајло кој беше специјален гостин на „Скопје колинг“, но и замена за Џекс Џоунс кој во последна минута го откажа настапот.

И тогаш атмосферата достигна кулминација, кога се слушнаа првите битови од добропознатата „Тремор“, со која моментално најактуелниот хитмејкер Мартин Гарикс се појави на бината.

– „Здраво Скопје!!!“ – извика тој и ја поздрави публиката.

Во тој момент „згрми“ ритамот од скоро двеипол часовниот сет на кој публиката не престана од скокање и играње.

Се редеа голем дел од познатите хитови и соработки на овој млад диџеј – „Scared To Be Lonely“ кој го направи со Дуа Липа, ја слушнавме новата песна „There For You“ со Трој Сиван, секако неизоставениот хит „Animals“ со кој Гарикс ја освои светската слава, а имавме можност и да ја слушнеме светската премиера на неговиот најнов хит „Ареа 21“.

– „Скопје, неверојатни сте!!! Дали сте подготвени? 3, 2, 1 – скокајте“ – возбудено ја повикуваше публиката Мартин.

„Пеколниот“ диџеј сет заврши со најголемиот хит за 2016, песната „In The Name Of Love“ која Мартин ја направи со македонка, односно познатата пејачка Биби Рекса која иако е родена во Америка, има македонско потекло.

Мартин Гарикс во ексклузивно интервју за Популарно.мк пред две недели изјави дека поради фактот што ова е негово прво гостување во Скопје ќе се обиде да го направи незаборавно за неговите фанови, а можеме да ви потврдиме дека тоа го оствари!

– „Леле Скопје, вчеравечер беше толку многу забавно! Првпат доаѓам тука и беше навистина луда забава!!! Сега сум подготвен да дојдам повторно!“ – напиша тој на инстаграм.

На својот инстаграм „стори“ профил објави и видео од својот приватен авион во кој се поздравува од Скопје, а се гледа дека домаќините Авалон продукција на прав македонски начин го испратиле младиот диџеј на своето патување, со спакувана храна, ордевер и закуски!

Инаку досега најмоќното издание на „Скопје колинг“ беше затворено со диџеј сет на Александар Галоски.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата низ објективот на нашиот фоторепортер Драган Тануровски, а целосната галерија можете да ја најдете на нашата фејсбук страница.

Tanurovski-7115Tanurovski-7148Tanurovski-7098Tanurovski-7081Tanurovski-7146Tanurovski-7164
<
>

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.