МК Сцена
Скопската зоолошка градина е најпосетена институција во нашата држава
Ова лето, Скопската зоолошка градина е најпосетена институција во нашата држава. Бројот на посетители е зголемен на 11.000 неделно што е и повеќе од двојно во однос на минатото лето.
По поводот почетокот на новата училишна година, Зоолошка градина Скопје подготви многу изненадувања за најмалите посетители.
Во сабота од 12:00-14:00 секое детенце ќе добие по еден подарок од најпознатиот бренд на лижавчиња, а маскотата кенгур ќе дели и мали слатки задоволства.




