Сцена
Скорсезе и Бланшет го прогласија 71. Филмски фестивал во Кан за отворен
Американскиот режисер Мартин Скорсезе и австралиската глумица Кејт Бланшет, синоќа го прогласија за отворен 71. Филмски фестивал во Кан, прв по избивањето на скандалот со американскиот продуцент Харви Вајнстин.
– Ние ја споделуваме страста кон кинематографијата, сите сме овде, за да ја славиме седмата уметност, истакна режисерот на „Таксист” и „Починатите“, кој заедно со Бланшет официјално го отворија фестивалот, кој ќе трае 12 дена.
Скорсезе ја доби специјалната награда „Златна кочија” за неговата „смелост и решителност во режирањето и продукцијата“. Оваа награда се врачува на самото отворање на свеченоста, почнуваќи од 2002 година.




