МК Сцена
Со концерт на Калиопи утревечер започнува „Културно лето Карпош 2015“
Со солистички концерт на Калиопи утревечер на плоштадот „Делфина“ во Влае ќе почне „Културно лето Карпош 2015“.
На денешната прес-конференција претседателот на Советот на општина Карпош Сашо Лазаровски информира дека на осмото „Карпошово културно лето“ ќе има повеќе настани, како музика, театарски претстави и ликовни хепенинзи. Сите настани се бесплатни. Концертите ќе се одржуваат во ТЦ Карпош 3 или „Лептокарија“, плоштадот „Делфина“, Алпинистичката карпа, Амфитеатарот на кејот на Вардар и плоштадот кај Млечен ресторан.
