МК Сцена
Со премиера на „Три дена во септември“ почнува „Синедејс“
Со премиера на филмот „Три дена во септември“ на македонскиот режисер Дарјан Пејовски вечер во киното Милениум ќе биде отворен 14.Фестивал на европски филм Синедејс. Филмот е во селекција за една од наградите во Официјалната програма.
„Три дена во септември“ е психолошки трилер, во кој двата главни женски лика преку меѓусебниот однос ги разоткриваат своите тајни и трауми. Бегајќи од своето минато, Марика ја запознава Јана, која патува кон куќата од нејзиното детство, сместена во изолиран планински крај. Тоа е совршено засолниште за Марика, се додека не се појави локалниот полицаец Генц, кој ќе поттикне сомнеж за вистинските намери на двете жени.
Улогите ги толкуваат Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Адем Карага, Милица Стојанова, Салаетин Билал, Кирил Коруновски, Александар Микиќ, Горан Трифуновски, Фатос Крјезиу, Ментор Зимберај, Блерим Черичи.




