МК Сцена
Давид Темелков го освојува Балканот: Промовиран новиот сингл „Беше се“
Македонскиот пејач Давид Темелков го претстави својот нов сингл „Беше се“, кој има верзија и на хрватски јазик насловена „Bila je bolja“.
Музиката и аранжманот за песната го потпишува проверениот хит-мејкер Миро Буљан, додека во продукциската обработка учествувал уште еден великан на музичката сцена, Тони Цетински.
Автор на текстот за верзијата на македонски јазик е Огнен Неделковски, додека на хрватската верзија Соња Буљан.




