МК Сцена
СПЕКТАКЛ ВО НАЈАВА: Балканската дива Цеца на 25 март со голем концерт во Скопје
Најголемата балканска ѕвезда Светлана Ражњатовиќ – Цеца на 25-ти март ќе одржи голем концерт во Скопје, во Вип Арена, „Борис Трајковски”.
Вип Арената Борис Трајковски ќе биде претесна за да ги собере фановите на Цеца на концертот за кој што и самата вели дека ќе биде вистински спектакл.
Со песните од новиот албум, „Аутограм”, „Јадна ти је моја моч”, „Трепни”, “Дидуле” и многу други, мега популарната и најбарана балканска дива Цеца Ражнатовиќ веќе полни концертни сали низ цел Балкан и низ цела Европа.




