МК Сцена
Светската атракција Рудиментал на 2 август во Охрид!
Големиот празник Илинден, годинава во Охрид ќе се празнува како никогаш до сега. На сцена под отворено небо, на плажа Немо, простигнува светската атракција РУДИМЕНТАЛ. Со журка која што ќе трае повеќе од 6 часа, Охрид на 2 август сигурно нема да заспие.
Во рамките на Orange Festival, освен Рудиментал на 2 август, закажан е диџеј сет на ТОМ НОВИ на 1 август. Цената за журката на 1ви е 250/300 денари. Додека пак за неповторливите РУДИМЕНТАЛ до 20 јули влезницата ќе ве чини само 500 денари.
Овој британски состав досега двапати го освои првото место на најпрестижната светска музичка листа, британската. Последниот пат во 2013 година, кога беа место број 1, зад себе оставија музичари од калибарот на Daft Punk, Pitbull, Pink и секогаш популарниот Џастин Бибер.




