МК Сцена
Светската пијанистичка сензација, Питер Бенс за првпат во Македонија!
Унгарскиот пијанистички виртуоз ПИТЕР БЕНС (PETER BENCE), кој го освои интернетот со своите аранжмани на хитовите на Мајкл Џексон, Квин и Сиа, собирајќи досега повеќе од 200 милиони прегледувања, на 31-ви мај за првпат гостува во Македонија!
Новата светска пијанистичка сензација гостува кај нас во рамки на програмата за одбележување на јубилејниот 20-ти Таксират Фестивал, а неговиот концерт ќе се одржи во Македонска Филхармонија во Скопје.
ПИТЕР БЕНС, младиот пијанист, композитор и продуцент е новата голема ѕвезда на музичкото небо кој ги распродава концертите секаде ширум Европа и кој е запишан во Гинисовата книга на рекорди како пијанистот со најбрзи прсти.




