Сцена
Tаткото на Меган Маркл тврди дека неговата ќерка страда
Томас Маркл, таткото на војвотката Меган Маркл, изјави дека според нејзиното однесување може да се види дека „тешко излегува на крај со обврските од кралскиот начин на живот“, но и дека одбива да разговара за тоа.
Тој вели дека со неговата ќерка не разговарал од венчавката, а последниот пат разговарале за неговата здравствена состојба по операцијата на срцето.
– Имам впечаток дека мојата ќерка е уплашена од животот што во моментов го води, изјави Томас Маркл за „Сан“ .




